Достапни линкови

logo-print

Киргистанските пратеници предупредија за скандал со магарешко месо


Kyrgyzstan.

Kyrgyzstan.

Пратениците во Киргистан ја повикаа владата да ја испита наводната употреба на магарешко месо во кафетерии и ресторани. Повикот на парламентарната Комисија за земјоделска политика следува токако државната телевизија минатата недела објави дека во фарма во северниот регион Чуи се колат магариња.

Денеска парламентарците ја повикаа владата да го испита случајот до 15 март. Членот на комисијата Сајдула Нушанов, рече дека ќе иницира оставки во кабинетот ако не се преземат соодветни мерки. Во телевизискиот извештај новинарите известуваа за можноста магарешко месо да е испратено во кафетериите и рестораните, додека фармерите велат дека магариња биле заклани за зоолошката градина во Хонгконг.

XS
SM
MD
LG