Достапни линкови

logo-print

Сопственикот на „Фиком“ е најден обесен во штипскиот затвор


Илустрација

Илустрација

Сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ утрово е најден обесен во штипскиот затвор, каде издржуваше казна за „измама“ во траење од 25 години и два месеци. Николиќ беше во затвор поради продавање исти станови од зграда на повеќе граѓани во скопската населба Кисела Вода.

Николиќ бил пронајден мртов во тоалетот од други осудени лица во крилото каде што престојувал. Одговорните надзорници во затворот во 6 и 30 утринава го затекнале осудениот Николиќ во просторијата, со јаже (манила) околу вратот“.

Николиќ казната затвор започна да ја издржува на 5.09.2006 година, а му завршувала на 15.11.2031 година. Тој беше. Во соопштението се вели дека против Николиќ се водело и нова кривична постапка пред Основниот суд Скопје 1- Скопје.

XS
SM
MD
LG