Достапни линкови

По поплавите, свлечишта ја демнат Битола


Појавата на свлечиштата е последица на обилните вренежи кои паднаа во изминатиот период, а се смета дека оваа есен и зима биле најврнежливи во последните педесет години.

По поплавите, битолскиот регион го демне опасност од појава на свлечишта. За еден месец се појавија дури пет големи одрони на земја, од кои три во битолските села Кукуречани и Драгарино, а две во демирхисарското село Смилево. Појавата на свлечиштата е последица на обилните вренежи кои паднаа во изминатиот период, а се смета дека оваа есен и зима биле најврнежливи во последните педесет години. Свлечиштата кои се појавија кај селата Кукуречани и Смилево се во близина на куќи и жителите се загрижени.

Господ нека им е на помош на куќите овде зашто постои опасност да се одрони земјата. Не сум некој експерт за таа тема, но доволно е да го погледнете теренот. Ако нема обилни дождови можеби ќе се помини полесно. А вака е опасно горе ридот се руши.

„Господ нека им е на помош на куќите овде зашто постои опасност да се одрони земјата. Не сум некој експерт за таа тема, но доволно е да го погледнете теренот. Ако нема обилни дождови можеби ќе се помини полесно. А вака е опасно горе ридот се руши.“

„Не можеме ништо да преземеме зашто неопходно е свлечиштето да го санираат стручни лица, а не жители од селото. Вака опасноста е голема.“

Свлечиштата почнаа да оштетуваат и канали во Битолско. Прв на мета се најде главниот канал за дотур на технолошка вода од вештачката акумулација „Стрежево“ до индустриските капацитети. Свлечиштето го оштети цевководот и дел од фабриките останаа без вода“, велат жители на Кукуречани и Смилево.

Првото се појави со лизгање на патот без некакви оштетувања. Второто свлечиште се појави кај Кукуречани и третото најкритично.

„Се појави свлечиштето најверојатно како резултат на обилните дождови. Не е прво свлечиште. Првото се појави со лизгање на патот без некакви оштетувања. Второто свлечиште се појави кај Кукуречани и третото најкритично бидејќи има доста оштетувања на самиот канал и врз објектот каде се сместени електрониката и инструменти за мерење на водостојот во самиот канал“, рече Васко Најдовски вработен во јавното претпријатие „Стрежево“.

На местата каде се појавија одроните увид направија стручни лица од Градежниот факултет и од Институтот за земјотресно инженерство во Скопје. За Кукуречани е утврдено дека свлечиштето не е активно и нема опасност од понатамошно лизгање. Додека она кај Драгарино кое предизвика проблеми во каналската мрежа ќе мора да се санира.

„Неопходно е во следниот период да се преземат активности. Прво, времени, планираме за неколку дена да започнеме со бајпасирање на каналот, како и долгорочни мерки зашто Градежниот факултет подготвува проект за санирање на свлечиштето, каде според проценки на стручните лица ќе треба да се отстранат над пет илјади метри кубни земја“, изјави Марјан Геровски, директор на „Стрежево“.

Поради влажната земја надлежните не ја исклучуваат опасноста од појава и на други свлечиште во ридските предели околу Битола. Минатите години по обилни дождови свлечишта се имаа појавено на Пелистер и во планинското село Цапари.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG