Достапни линкови

Тензиите во државата се рефлектираат и локално


Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

Советниците во кумановскиот општински Совет ги вкрстија копјата за доделувањето помош за оштетените граѓани од елементарни непогоди. Во меѓусебните расправии граѓаните губат, оти донесување одлука е оставено за друг пат.

Тензичната атмосфера во државава помеѓу централната власт и опозицијата се проектира и помеѓу советниците во кумановскиот општински Совет. Додека во некои нормални услови расправите, гласањето и носењето одлуки за важни прашања во интерес на граѓаните советниците главно би гласале позитивно, во актуелната состојба разидувањето на ставовите, декларативно во интерес на граѓаните, губитници се токму граѓаните.

Се поставуваат, па се повлекуваат точки на дневен ред. Се преминува на точки со едноставен премин и констатации, тогаш кога тоа одговара на одредени структури во Советот. Советот работи во интерес на граѓаните и апсолутно на ниту еден советник не му оди во прилог, ниту во интерес да не одлучи за основни елементарни помош на граѓаните.

И советниците од локалната власт од СДСМ и од Коалицијата „За подобра Македонија“, како и оние од ГРОМ и ДПА копјата ги вкрстија за доделување еднократна парична помош за оштетените граѓани од елементарни непогоди.

„Присуствувавме на една демонстрација на позиција на власт, позиција на моќ во Општината Куманово“, вели Драган Петковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката Душица Сеизовска Јовановиќ од ГРОМ вели дека се случува целосно непотребна тензична работа.

Совет на Општина Куманово.

Совет на Општина Куманово.

„Се поставуваат, па се повлекуваат точки на дневен ред. Се преминува на точки со едноставен премин и констатации, тогаш кога тоа одговара на одредени структури во Советот. Советот работи во интерес на граѓаните и апсолутно на ниту еден советник не му оди во прилог, ниту во интерес да не одлучи за основни елементарни помош на граѓаните.“

Видливи се знаци на нервоза кај припадниците на опозиционата политичка партија, конкретно на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е единствено резултат на актуелната политичка состојба во државата.

Максим Димитриевски од СДСМ, пак, додава:

„Видливи се знаци на нервоза кај припадниците на опозиционата политичка партија, конкретно на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е единствено резултат на актуелната политичка состојба во државата.“

Зошто сето ова се случува и се создава впечаток дека оштетените граѓани се ставени во улога на пинг-понг топче помеѓу конфронтираните народни претставници Петковски, Сеизовска Јовановиќ и Димитриевски со свои ставови.

„Ние јасно рековме дека го прифаќаме предлогот на Комисијата да им се додели еднократна парична помош на граѓаните, меѓутоа претседателот на Советот и координаторот на советничката група на СДСМ спроведоа една манипулација со Советот и со Деловникот. Ние едноставно баравме критериуми по кои ќе се доделува помошта, не бевме против. Би гласале да им се помогне на тие луѓе“, вели Петковски.

„За да не бидеме погрешно разбрани советничка група на граѓанска опција одлучивме да излеземе надвор, за да оставиме простор Советот да размисли, односно претседателот да изгради друг став“, вели Сеизовска Јовановиќ.

„Надлежната комисија за финансирање и буџет нема доставено предлог до Советот, не достави,бидејќи не одржале состанок, оти немале кворум, поради тоа што членот на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ не присуствувал на состанокот“, Димитриевски.

И додека едните бараат критериум по кој ќе се одредува висината на помошта, другите велат дека сепак дале конкретен предлог, донесување одлука е оставено за друг пат.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG