Достапни линкови

Нетанјаху во САД против договор со Иран


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во Вашингтон да ги претстави неговите аргументи против можниот договор за иранската нуклеарна програма. Тој по покана од републиканските законодавци треба утре да им се обрати на двата дома на Конгресот. Најавениот говор ја налути Белата куќа која претходно не била консултирана за ваквата покана на Нетанјаху. Тој не се согласува со потенцијалниот договор за кој сега се преговара меѓу Иран и шесте светски сили. Според него, договорот нема да го спречи Иран од намерата да дојде до нуклеарна бомба.

XS
SM
MD
LG