Достапни линкови

Ирачкиот премиер со повик до милитантите на ИД во Тикрит


Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади им понуди на сунитските милитанти во Тикрит да се откажат од Исламската држава. Тој ова го изјави во Самара најавувајќи офанзива за повторно враќање на Тикрит кој во минатото лето падна во рацете не милитантите на Исламската држава. Илјадници припадници на шиитската милиција позната како Хашид Шааби биле мобилизирани за офанзивата против милитантите на Исламската држава во провинцијата Салахудин, каде што се наоѓа Тикрит, родното место на поранешниот диктатор Садам Хусеин.

XS
SM
MD
LG