Достапни линкови

logo-print

На изборите во Естонија победи владејачката коалиција


Премиерот на Естонија Таави Роивас

Премиерот на Естонија Таави Роивас

Премиерот на Естонија Таави Роивас прогласи победа на парламентарните избори кои беа со извесна доза на страхување по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во минатата година. Неговата партија Реформа доби над 27 насто, додека нејзиниот главен ривал опозициската партија Центар над 24 насто од гласовите. Оваа партија во 2004 година има потпишано договор за соработка со партијата Обединета Русија на претседателот Владимир Путин. И покрај тоа што Естонија е членка на НАТО и на Европската унија, многумина се загрижени дека Москва би можело да се обиде да го интензивира своето влијание во Естонија каде што скоро една четвртина од населението или милион и 300 илјади се Руси.

XS
SM
MD
LG