Достапни линкови

Кери за веродостојна истрага на убиството на Немцов


Соединетите држави сакаат веродостојна истрага за околностите и можните налогодавачи на убиството на еден од лидерите на руската опозиција Борис Немцов, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. „Се надевам дека руските власти ќе спроведат веродостојна и транспарентна истрага која ќе овозможи да се открие кој стои зад убиството на Немцов“, рече Кери. Вчера неколку илјади луѓе се собраа во Москва на прошетка во знак на сеќавање ма Немцов кој во петокот беше убиен во близина на Кремљ. „Ние со се срце сме со рускиот народ. Немцов беше длабоко посветен во создавањето блиски врски со светот“, оцени Кери.

XS
SM
MD
LG