Достапни линкови

И Шведската амбасада загрижена за можната злоупотреба на моќ


„Изнесените наводи дека се случило следење од голем обем на политичари, новинари и претставници од граѓанското општество, како и наводите за злоупотреба на моќта во политиката, медиумите и правосудството се длабоко загрижувачки. Неопходни се независни, целосни и транспарентни истраги на сите овие факти. Доколку се следела и дипломатска кореспонденција, тоа е кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи. Шведската амбасада меѓутоа, нема да коментира за ниту еден од нејзините приватни разговори“, стои во реакцијата на преставништвото на Стокхолм.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави дека на удар на прислушкувањето биле шест амбасади во земјата, и тоа најважните, а можно е тој број да биде поголем со преслушување на сите снимки.

XS
SM
MD
LG