Достапни линкови

logo-print

ПКК го отфрли повикот за разоружување


Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) го отфрлија повикот за разоружување и истакнаа дека турската влада прво треба да направи чекори за зајакнување на демократијата и за укинување на спорниот предлог-закон за безбедност.

Изјавата на бунтовниците, објавена од курдската агенција Ферат, беше дадена во одговор на повикот на лидерот на ПКК Абдула Оџалан кој се наоѓа во затвор, кој вчера ги повика своите приврзаници да учествуваат во преговори за разоружување на пролет.

ПКК истакна дека веќе објавила прекин на огнот во рамки на напорите за ставање крај на 30-годишниот конфликт. ПКК посочи дека турската влада треба да покаже „искреност“ при отстранување на спорниот предлог-закон за безбедност, кој предвидува дополнителни надлежности на полицијат

XS
SM
MD
LG