Достапни линкови

Над10 илјади подржувачи на опозицијата на маршот во Москва



Над 10 илјади подржувачи на опозицијата присуствуваат на маршот во Москва посветен на убиениот опозициски лидер Борис Немцов. Според руската полиција 7 илјади луѓе се присутни на маршот кој започна откако граѓаните положија цвеќе и запалија свеќи на мостот во близина на Кремљ, каде што опозицискиот политичар и поранешен заменик-премиер беше убиен во петокот вечерта.Претседателот Владимир Путин убиството го оцени како "провокација", порачувајќи и на неговата мајка дека убијците ќе бидат пронајдени и казнети. Од Истражниот комитет соопштија дека истрагата се спроведува во неколку правци, вклучувајќи ја и можноста Немцов, кој бил Евреин, да е убиен од радикалните исламисти или пак како што сугерираше Путин дека опозицијата го убила за да се оцрни името на претседателот. Немцов во едно од своите последни интервјуа изјави дека стравува токму од Путин поради критиките за улогата на Русија во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG