Достапни линкови

Израелскиот премиер Нетанјаху во посета на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска замина во посета на Вашингтон за да ги презентира своите аргументи против евентуален нуклеарен договор со Иран. За време на посетата Нетанјаху, треба да одржи говор во двата дома на Конгресот на САД во обид да го спречи усвојувањето на договорот меѓу големите сили и Иран кој по негово мислење може да ја загрози безбедноста на Израел

Нетанјаху ја налути Белата куќа, зато што ја прифатил поканата на републиканците без претходни консултации со американската администрација. Израелскиот лидер тврди дека договорот не вклучува гаранции дека Техеран нема да биде во можност да изгради атомска бомба. Преговарачите се надеваат дека ќе се постигне делумен договор до 31 март со кој се скратуваат активностите на Иран за збогатување на ураниум во замена за ослободување од економски санкции. Краен рок за постигнување конечен договор е 30ти јуни.

XS
SM
MD
LG