Достапни линкови

logo-print

САД разгледуваат депортација на 150 луѓе од БиХ


Bosnia-Herzegovina -- A Bosnian flag and a sign flutter in front of a burned government building in Tuzla February 8, 2014.

Bosnia-Herzegovina -- A Bosnian flag and a sign flutter in front of a burned government building in Tuzla February 8, 2014.

Владата на САД разгледува депортација на најмалку 150 државјани на Босна и Херцеговина поради сомнение дека учествувале во воени злосторства и етничко чистење во 90-те години во земјата, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Во текстот се наведува дека имиграциските власти идентификувале околу 300 имигранти за кои се верува дека, кога барале влез во САД во бранот бегалци, го прикриле учеството во воени злостосртва, со што тој број би можел да достигне и 600.

Меѓу осомничените имигранти се фудбалски тренер од Вирџинија, металски работник од Охајо и четворица работници во хотелско казино во Лас Вегас, пишува „Њујорк тајмс“.

XS
SM
MD
LG