Достапни линкови

logo-print

Бајден и Порошенко за ситуацијата во источна Украина


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден синоќа зборувал телефонски со украинскиот претседател Петро Порошенко за ситуацијата во источниот дел на Украина. Според Белата куќа, Порошенко го информирал Бајден за постојаното бомбардирање околу Донецк и Мариупол од сепаратистите поддржани од Русија, со што се крши договорот за прекин на огнот потпишан во Минск во февруари. Тие разговарале и за неможноста на Организацијата за безбедност и соработка во Европа да провери дали руското тешко оружје се повлекува од линиите на фронтот. Бајден го поздравил планот на украинската влада идната недела да се усвои законот кој е препорачан од Меѓународниот монетарен фонд, за стабилизација на економијата во земјата.

Инаку и покрај затишјето во борбите, вчера украински новинар бил убиен од бомбардирањето во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG