Достапни линкови

Приштина:нема нови теми пред исполнување на договорот со Брисел


Советникот на премиерот на Косово Ваљон Муртези изјави дека Приштина нема да се согласи за нови теми во дијалогот додека Белград не го исполни договорот од Брисел. Тој рече дека со овој став се запознаени и соработниците на високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.

Постојат три работи кои Србија мора да ги исполни, а тоа се примена на договорот за правосудството,отстранување на Паркот на мирот на мостот кај Ибар и гаснење на Цивилната заштита, рече Муртези за РТК.Тој дополни дека со Србија нема да се разговара за природните богатства на Косово.

XS
SM
MD
LG