Достапни линкови

Во Русија марш на жалост за убиениот Немцов



Симпатизерите на опозицијата денеска организираат протестен марш низ Москва посветен на убиениот критичар на Кремљ Борис Немцов. Вчера илјадници луѓе положија цвеќе и запалија свеќи на мостот во близина на Кремљ, каде што опозицискиот политичар и поранешен заменик-премиер беше убиен во петокот вечерта.Претседателот Владимир Путин го опиша убиството како "провокација", и изјави дека убијците ќе бидат пронајдени и казнети. Од Националниот Инспекторат велат дека се истражуваат неколку мотиви за убиството вклучувајќи ја и можноста Немцов, кој бил Евреин, да е убиен од радикалните исламисти или дека опозицијата го убила за да се оцрни името на претседателот. Немцов во едно интервју изјави дека стравува за неговиот живот порaди неговите искрени критики за улогата на Русија во сепаратистичкиот конфликт во Украина.

XS
SM
MD
LG