Достапни линкови

Авганистан- Расте бројот на жртви во лавините


Обединетите нации соопштија дека бројот на жртвите поради тешките временски услови кои предизвикаа лавини и поплави во централен и североисточен Авганистан се искачил на над 229 луѓе. Канцеларијата на ОН за хуманитарни работи соопшти дека смртни случаи има во 18 провинции, а стотици други луѓе останале без своите домови. Најголемиот дел од загинатите се во северната провинција Паншир каде лавинитие предизвикани од обилните снежни врнежи уништија повеќе од 100 домови. Бројот на жртви се очекува да расте додека спасувачите да стигнат до оддалечените погодени области. Многу луѓе се отсечени од помош, бидејќи патиштата се блокирани со длабок снег. Многу ниски температури се очекуваат во многу делови на Авганистан и во наредните денови.

XS
SM
MD
LG