Достапни линкови

Путин вети дека ќе стори се да се фатат убијците на Немцов


Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе стори сé за да бидат изведени пред лицето на правдата оние кои го организирале и извршиле како што рече ,грдото и цинично убиство на лидерот на опозицијата Борис Немцов.Оваа порака од телеграмата што Путин ја испратил до мајка на Немцов, беше објавена на официјалната веб-страница на Кремљ Во телеграмата се изразува сочувство и пофалби за Немцов дека оставил свој белег во историјата на Русија. Немцов беше водечки критичар на Путин и политиката на руската влада и преходно овој месец изјави дека стравува за својот живот.

XS
SM
MD
LG