Достапни линкови

logo-print

Амбасадата на Велика Британија: Има сериозни тврдења за злоупотреба на моќ


Shutterstock - England flag over castle

Shutterstock - England flag over castle

Амбасадата на Велика Британија во Скопје денеска реагираше околу последните случувања во врска со масовното прислушување во државава.

- Не коментираме на прашања во однос на нашите приватни разговори. Сепак, има сериозни тврдења за злоупотреба на моќ, криминални дејства и степен на влијание на македонските тајни служби во политиката, медиумите, судството и други аспекти на секојдневниот живот. Во таа насока Обединетото Кралство ја повикува македонската Влада и институции целосно да ги истражат овие наводи и да се почитуваат принципите на владеење на правото, укажуваат од британската амбасада во Скопје.

Делегацијата на Европската унија, вчера излезе со коментар дека ако се потврдат наводите на СДСМ, дека македонската тајна полиција прислушкувала шест амбасдори во земјава тоа ќе значи оти Македонија како земја домаќин ги прекршила одговорностите од Виенската конвенција.

XS
SM
MD
LG