Достапни линкови

Член на партијата на Немцов, претепан и ограбен


Андреј Балин, ко-претседател на локалниот огранок на Републиканската партија на Русија - Народна Партија на слободата, синоќа бил претепан и ограбен во централниот руски град Талјати. Балин бил нападнат додека се враќал дома од непознати лица во близина на влезот на неговата куќа кои го украле неговиот лап-топ. Балин редовно објавува материјали на својата Фејсбук страница, и е критичен во однос на политиката на руската влада, особено кон претседателот Владимир Путин. Полицијата соопшти дека целта на напаѓачите била да го украдат компјутерот на Балин во кој имало информации за неговите контакти и активности.Нападот на Балин се случи непосредно пред убиството на Борис Немцов, еден од лидерите на Републиканската партија на Русија - Народна Партија на слободата.

XS
SM
MD
LG