Достапни линкови

logo-print

Ставрески: Македонија предвреме го исплати долгот кон ММФ


Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со вчерашната трансакција во Вашингтон, префрлена е и последната рата од кредитната линија за претпазливост, вредна 174 милиони долари. Со тоа, како што соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени.

Кредитот во износ од 312 милиони долари беше земен во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та.

За да го пресретнеме ризикот од натамошен раст на американскиот долар и на тој начин да заштедиме пари, направивме опсежни анализи по што одлучивме дека е добро и корисно предвреме да се отплатат преостанатите 174 милиони долари, нагласи Ставрески.

XS
SM
MD
LG