Достапни линкови

Исламските милитанти започнаа напад во Самара


Милитантите од Исламската држава започнаа напад врз северниот ирачки град Самара каде што безбедносните сили и шиитската милиција се подготвуваат за офанзива против позиции на Исламската држава. Бомбаши-самоубијци ги активирале своите возила натоварени со експлозив во северниот дел на Самара а автомобил бомба експлодирал и во јужниот дел на градот. Во исто време милитантите ги нападнале безбедносните сили во западниот дел од градот со користење минофрлачи и ракетни гранати. Локални медицински извори соопштија дека најмалку три шиитските борци загинале, а шестмина се повредени. Во меѓувреме, во градот Балад, околу 70 километри северно од Багдад, два автомобили -бомби експлодираа во близина на пазар при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се најмалку 30 лица.

XS
SM
MD
LG