Достапни линкови

logo-print

Обама ќе биде домаќин на авганистанските лидери во Белата куќа


Американскиот претседател Барак Обама ќе биде домаќин на лидерите на владата на национално единство на Авганистан во Белата куќа следниот месец,соопшти Белата куќа. Авганистанскиот претседател Ашраф Гани се среќава со Обама на 24 март. Во соопштението се вели дека Гани и Обама ќе разговараат за безбедноста во Авганистан, за економскиот развој на земјата, како и за поддршката на Вашингтон за процесот на помирување на Кабул со бунтовнички групи. Тоа ќе биде прва средба меѓу двајцата лидери во САД откако Гани беше избран минатото лето. Авганистанската делегација ќе биде во Вашингтон од 22-25 март.

XS
SM
MD
LG