Достапни линкови

Осуда и барања за брза истрага за убиството на Немцов



Убиството на рускиот лидер на опозицијата Борис Немцов предизвика реакции на осуда од руските политичари, светските лидери и организациите за меѓународни права, кои беа едногласни во своите коментари дека сторителите на кривичното дело треба да бидат брзо фатени и изведени пред лицето на правдата. Во Русија, истакнати политички личности го осудија убиството. Рускиот претседател Владимир Путин го осуди убиството на Немцов. Според неговиот портпарол, Дмитриј Песков, Путин рекол дека "свирепото убиство" ги има "сите знаци на договор за убиство" и го нарече провокација - збор што треба да сугерира дека Немцов бил убиен со цел да се оцрни угледот на владата. Немцов беше убиен синоќа додека поминувал мост во центарот на Москва кога врз него биле истрелани четири куршуми од автомобил .

XS
SM
MD
LG