Достапни линкови

Нови протести во Атина


Неколку илјади подржувачи на грчката Комунистичка партија протестираа синоќа пред Парламентот во Атина против договорот кој новата коалициска владта го постигна со Европската Унија за продолжување на кредитната подршка на Грција.

Не го сакама тој договор, извикуваа демонстрантите. Полицијата наведе дека се собрале околу 8 000 луѓе на повик на комунистите кои освоија 5,7 отсто од гласовите на парламентарните избори и имаат 15 пратеници во Парламентот. Ова е втор собир против грчката влада која постигна договор со Еврогрупата за породлжување од 4 месеци на кредитната помош на Грција.

XS
SM
MD
LG