Достапни линкови

Времето денеска ќе биде умерено облачно


Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста малку ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до пет, да дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела времето ќе биде умерено до значително облачно со услови за локални врнежи од дожд особено на југот.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а во вторник повторно облачно со засилен северен ветер, повремен локален дожд и опаѓање на дневната температура.

XS
SM
MD
LG