Достапни линкови

Убиен рускиот опозиционер Борис Немцов


Истакнатиот руски опозициски политичар и поранешен вицепремиер Борис Немцов е убиен во Москва, јавуваат руските новински агенции.

Новинската агенција Интерфакс цитира извор од власта кој вели дека Немцов бил застрелан четири пати од страна на неидентификуван напаѓач доцна во вечерните часови на 27 февруари, при што им подлегнал на повредите. Интерфакс соопшти дека извештајот не може да биде независно потврден. Колегата на Немцов кој е критичар на Кремљ, Иља Јашин, на социјалната мрежа Твитер напиша дека Немцов е застрелан и е „мртов“.

XS
SM
MD
LG