Достапни линкови

Русија го обвини САД за прекршување на дипломатската етика


Deputy Foreign Minister Sergei Ryabkov.

Deputy Foreign Minister Sergei Ryabkov.

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, го обвини САД за заземање на деструктивен став во билатералните односи. Тој изјави дека американскиот Државен секртар Џон Кери ја прекршил дипломатската етика, кога оваа недела изјавил дека руските власти го лажеле во лице, при негирањата дека Русија ги поддржува сепаратистите во источна Украина. Ријабков додаде дека Вашингтон нема морално право да прави такви осуди. Украина, НАТО и неколку западни земји ја обвинија Русија дека употребува оружје и трупи за да ги поддржи сепаратистите. Ријабков го повтори негирањето на Кремљ за таквата поддршка.

XS
SM
MD
LG