Достапни линкови

Мијатовиќ побара брза истрага за прислушувањето на новинарите


OSCE Representative on Freedom of the Media, Dunja Mijatović.

OSCE Representative on Freedom of the Media, Dunja Mijatović.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ денеска побара на брза истрага за прислушувањето на македонските новинари.

„Прислушувањето и следењето на новинари е неприфатливо. Ова само дополнително ја слабее веќе загрозената слобода на медиумите во земјата“, вели Мијатовиќ.

Според податоците кои се ми се достапни на ОБСЕ, на 25 февруари повеќе новинари добија папки со извадоци од нивните слушани разговори.

„Ова е сериозна и несразмерна повреда на правата на новинарите да ја вршат својата работа и да ги заштитат своите извори. Овие активности мора да се испитаат на брз, транспарентен и независен начин, а извршителите мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Мијатовиќ

XS
SM
MD
LG