Достапни линкови

Груевски: Не се спрема апсење на Заев


Премиерот Никола Груевски, на новинарско прашање како ја коментира изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит дека дел од европратеницте се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ, тој одговори дека дека „не се спрема апсење на Заев“.

Груевски денеска присуствуваше на отворањето на нова спортска сала во скопското село Љубанци. На другите новинарски прашања поврзани со содржината на објавените аудио снимки, тој истакна дека веќе одговорил на прес конференцијата во средата и оти немал што да додаде.

Груевски вели дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер заради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари.

XS
SM
MD
LG