Достапни линкови

logo-print

Заев - Прислушувани најмалку шест амбасадори


Има барем шест прислушувани амбасадори, покажуваат материјалите што се досега обработени, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Најважните амбасадори, на најважните земји. Сите амбасадори се важни, но на највлијателните земји. Детали не кажувам, зошто имаме намера на нив тоа да им го соопштиме, рече Заев.

Во интервју за Радио Слободна Европа, италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Масимо Белели изјави дека лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев им рекол дека и странските амбасадори во Македонија биле мета на прислушување. Станува збор за неколку акредитирани амбасадори во земјава и дел од неколку дипломати кои си заминале од Македонија, вели Белели. Тој додава дека разговарал со неговите колеги од дипломатскиот кор од ЕУ за таквата можност и тие се загрижени поради тоа, иако засега немаат докази за такво нешто.

XS
SM
MD
LG