Достапни линкови

Уапсени осум Шпанци за учество во украинскиот конфликт


Шпанската полиција уапси осум граѓани на Шпанија поради учество во борбите со проруските сепаратисти во источна Украина. Полицијата соопшти дека осум Шпанци, чии имиња не се објавени, денеска биле уапсени во шест региони низ Шпанија. Во полициското соопштение се вели дека тие биле обвинети за неколку кривични дела, не не се изнесуваат детали. Медиумите известуваат дека обвиненијата бие можеле да бидат за поседување на оружје, соучество во убиство и кршење на неутралноста на Шпанија во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG