Достапни линкови

Малцинствата во Ирак се соочуваат со насилства и дискриминација


Организациите за човекови права предупредија дека малцинските заедници во Ирак се цел на екстремистичката група на Исламската држава, која има стратегија засекогаш да ги отстрани од земјата. Во извештајот што беше објавен денеска од страна на четири невладини организации е наведено дека малцинствата се изложени на егзекуции, силувања и на други злоупотреби. Тие велат дека ваквите дејствија се еднакви на воени злосторства па дури и на геноцид. Од организацијата велат дека малцинствата биле предмет на голема дискриминација и насилство и пред доаѓањето на милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG