Достапни линкови

Украина однапред го плаќа рускиот гас


Руската државна компанија Газпром, денеска соопшти дека добиле исплата од 15 милиони долари од украинската енергетска компанија Нафтогаз, што се доволно средства уште еден ден Украина да биде обезбедена со гас. Портпаролот на Газпром Сергеј Кипријанов, потврди дека исплатата е направена и дека според моменталното ниво на испораки, тоа е доволно само за уште еден ден.

Тој додаде дека количината на гас што Украина ја има платено е за до 2 март, кога министрите за енергетика на Русија и Украина треба да се сретнат во Брисел со претставници на Европската унија, во обид да се постигне нов договор за гас. Газпроме се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Украина, тврдејќи дека Украина го искористила целиот гас што го платила однапред. Според договорот постигнат во октомври со посредство на ЕУ, Украина продолжи да добива руски гас, но мора да го плати однапред.

XS
SM
MD
LG