Достапни линкови

Кери на средби со неговите колеги од Русија и Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери во идната недела во Швајцарија ќе има средби со шефовите на руската и на иранската дипломатија Сергеј Лавров и Мохамад Џавад Зариф. Најпрвин во Женева Кери ќе разговара со Лавров, што ќе биде прва нивна средба откако Кери ги обвини руските претставници дека го лажеле во очи за поддршката на Москва за проруските сепаратисти во источна Украина. Кери потоа во Монтре ќе се состане со Џавад Зариф на разговори за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG