Достапни линкови

Кавги во индискиот парламент за Мајка Тереза


Горниот дом на индискиот парламент за кратко ја прекина седницата откако претставници на опозицијата ги осудија изјавите претставници на владејачката партија дека католичката мисионерка Мајка Тереза се обидувала да ги преобрати Индијците во христијанска вера. Во Индија во последно време се загреваат дебатите околу верските прашања особено откако приврзаниците на премиерот Нарендра Моди сметаат дека главен народ во земјата се Индусите. Политичките противници на Моди и неговата националистичка партија Баратија Џаната сметаат дека тој подгрева верски тензии во земјата. „Првин тие сакаа да го деиконизираат Махатма Ганди, а сега Мајка Тереза“, вели Пи Раџев од Комунистичката партија. Мајка Тереза е родена во Скопје, а во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината хуманитарна работа во Индија.

XS
SM
MD
LG