Достапни линкови

Судири во Атина на протестите против Сириза


Десетици демонстранти се судрија со полицијата во центарот на Атина. Тие по маршот против владата почнале да кршат прозорци, да фрлаат молотови коктели и да палат автомобили. Овој протест беше прв откако радикалната левичарска партија Сириза ја презеде власта пред еден месец на предвремените изборите што ги доби на картата на укинување на острите мерки за штедење. Околу 450 крајно десничарски демонстранти протестираа против владата на премиерот Алексис Ципрас која се договори со европските партнери на продолжување на програмата за помош за Грција.

XS
SM
MD
LG