Достапни линкови

Британските служби без коментар за идентитетот на Џихади Џон


Претставници на британските антитерористички служби не сакаат да ги потврдат информациите во медиумите дека бил откриен идентитетот на маскираниот човек со британски акцент кој се појавувал на видеата на Исламската држава со обезглавување луѓе. Претходно Би Би Си објави дека милитантот Џихади Џонвсушност бил Мухамад Енвази, Британец со кувајтско потекло од западен Лондон. Според Вашингтон пост пак, тој бил Британец од добро ситуирано семејство и завршил колеџ со диплома за компјутерски програмер. Џихади Џон се појави и во видеото објавено во минатиот август на кое било прикажано егзекутирањето на американскиот новинар Џејмс Фоли.

XS
SM
MD
LG