Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема кредибилитет да говори за почитувањето на правото


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, истакувајќи дека СДСМ нема никаков кредибилитет да говори за почитувањето на правото, институциите и граѓаните во Република Македонија.

Во реакција се наведува дека токму СДСМ е партијата чиј лидер јавно признал дека соработува со странски служби со цел креирање на криза и политичка дестабилизација на Македонија.

„СДСМ наместо да се расфрлаат со неаргументирани обвинувања, треба да се срамат од ова нивно крајно неодговорно однесување. Јасна е нивната нервоза и политичка дезориентираност бидејќи се свесни дека се фатени на очиглед на јавноста во сопственото сценарио за кое постојат докази и јавни признанија“, се вели во реакцијата.

XS
SM
MD
LG