Достапни линкови

logo-print

САД и коалицијата извршија напади на позиции на ИД во Сирија


Сириските активисти велат дека коалицијата предводена од САД извршила воени напади насочени кон позициите на милитантите на Исламската држава, каде милитантите оваа недела киднапираа повеќе од 200 христијански Асиријци. Британската Опсерваторија за човекови права во Сирија рече дека нападите се извршени врз позиции во близина на градот Тел Тамр. Во близина на градот во последните три дена милитантите на ИД киднапираа најмалку 220 припадници на христијанското малцинство. Шефот на една ариска организација рече дека киднапираните се однесени во Ал-Шадад.

XS
SM
MD
LG