Достапни линкови

logo-print

СДСМ поднесе кривична пријава против Никола Груевски


СДСМ денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Никола Груевски за сторено кривично дело оддавање службена тајна.
Генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски изјави дека премиерот на вчерашната прес-конференција изнел податоци коишто, според него, произлегуваат од содржини на применети посебни истражни мерки.
- Во кривичната пријава се пријавени и НН лица од МВР, Судот и Обвинителството кои имале допир со материјалите од посебните истражни мерки, со што и тие учествувале во достапноста на овие материјали во јавност, за што постои кривично дело и кај нив, рече Спасовски.
Прашан дали верува во објективноста на судството, Спасовски рече дека се надева оти луѓето од судството и Обвинителството ќе се одважат и ќе донесат одлука во корист на Република Македонија.
Тој посочи дека материјалите што ги имаат се добиени од луѓе кои и мислат добро на државата.

XS
SM
MD
LG