Достапни линкови

logo-print

Тетовец по втор пат останал без покрив на главата


Косто Матовски од тетовското Беловиште пред 15 години завршил на улица откако со братот се искарале за куќата, а сега пожар ја изгоре просторијата во која живеел.

Животната судбина по втор пат го остави 64 годишниот Косто Матовски од тетовското Беловиште без покрив на главата. Ако пред 15 години завршил на улица откако со братот се искарале за куќата, сега пожар беше причина да изгоре просторијата, сопственост на локалниот свештеник кој го вдомил.

Спиеше по плевни во Вратница, Беловиште, каде што ќе најде. Ми падна грев, жал дека спиеше по плевни. Го прибрав, му направив едно собче. Човекот е сам, нема ништо фамилија, оставен е на милост и немилост.

„Спиеше по плевни во Вратница, Беловиште, каде што ќе најде. Ми падна грев, жал дека спиеше по плевни. Го прибрав, му направив едно собче. Човекот е сам, нема ништо фамилија, оставен е на милост и немилост“, вели отец Перица Бојковски.

Oтец Перица Бојковски.

Oтец Перица Бојковски.

Малата соба била направена до помошните простории од куќата на семејството Бојковски. Тие деценија и половина делеле се што имале со Косто. Тој им помагал во извршувањето на работите околу добитокот и бавчата. Така долги години се обезбедувала храна и егзистенција, како за семејството така и за Косто. Но пожарот повторно го разнишал животот.

За среќа останале неповредени, а материјалната штета е голема. Во неповрат отишле неколку илјадници евра и многу труд кои се вложувале во одгледувањето домашни животни и обработување на земјиште.

„Дома немало никој. Кога дојдов плевната беше во пламен. Ги затеков само дел од комшиите. Се вклучија сите, цело село, дел од Вратница. Среќа него што го извадија. Штетата е многу голема. Внатре имав 30-40 домашни кокошки, коњите ги пуштиле, козите биле пуштени, пченица, моторни пили имав две, имав многу работи. Едната просторија ни служеше како подрумче. Третата како штала за коњи“, раскажува отец Перица.

Свештеникот и Косто ја продолжуваат животната битка. Заедно ги расчистуваа остатоците од пожарот. Со помош на соселаните се надеваат дека повторно ќе можат да подигнат кров над собата, како и да ги оспособат останатите помошни простории.

XS
SM
MD
LG