Достапни линкови

logo-print

Украинската армија го повлекува тешкото оружје


Украинската армија соопшти дека денеска започнла го повлекува тешкото оружје од линијата на фронтот во конфликтот со проруските сепаратисти, откако беше објавено дека во вториот 24-часовен париод, немало жртви.

Ваквите најави ги зголемија надежите дека може да се одржи Договорот за прекин на огнот од Минск, постигнат со посредство на европските лидери, откако бунтовниците на почетокот го игнорираа и во голема офанзива го зазедоа стратегискиот град Дебалцеве.

„Спроведувањето на договорот постигнат на 12 февруари во Минск започнува со повлекување на тешката артилерија на линијата на фронтот, соопшти армијата, додавајќи дека ова е првиот чекор од повлекувањето на тешкото вооружување. Киев одбиваше да го повлече оружјето поради, како што велат, постајаните напади на бунтовниците. Од април минатата година, во конфликтот загинааа повеќе од 5.600 луѓе.

XS
SM
MD
LG