Достапни линкови

Тачи: Не очекувам предвремени избори


Претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев денеска во Скопје се сретна со претставници на албанскиот политички блок. Станишев се сретна со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, со кој, според соопштението од кабинетот на Бесими, било разговарано за последните случувања во земјава и за евроинтеграциите на Македонија.

По средбата со ДПА, лидерот на партијата Мендух Тачи изјави дека разговарале за можниот излез од политичката криза, кој Тачи го гледа во формирање на анкетна или истражна комисија во парламентот. Тој бара претседателот на таа комисија да биде пратеник од ДПА затоа што , како што вели, нивната партија не е инволвирана во случувањата и бара сите документи да завршат во суд каде транспарентно секој би можел да има увид во нив. Тачи додаде дека не може да се очекува вонредни парламентарни избори или техничка влада затоа што тие поими треба да бидат завршеток на дијалогот а не почетокот бидејќи има посуштински прашања за кои треба да седнат четирите партии да разговараат како избирачкиот список, контролата врз медиумите и независноста на судството.

„ Да не бидам пророк, но и предвремени избори да има, не верувам дека друга политичка партија ќе биде главна.“

XS
SM
MD
LG