Достапни линкови

logo-print

Груевски: Транспарентна постапка и утврдување на фактите за прислушувањето


Премиерот Никола Груевски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, на прашањето на пратеничката Солза Грчева, за тоа зошто не се разрешени првиот човек на УБК и на МВР по случајот со прислушувањето, бидејќи според неа, автентичноста на телефонските разговори кои ги објавува опозициската СДСМ досега никој не ја оспори, Груевски одговори дека не треба да се брза со какви било одлуки и оти треба да се сочека во една транспаретна постапка да се утврдат фактите. Секако, одлуките ќе бидат во склад со интересите на државата и со интересите на граѓаните на Република Македонија, вели Груевски. Пратеничката Солза Грчева, истакна дека случајот покажал дека нашиот безбедносен систем е колабиран.

XS
SM
MD
LG