Достапни линкови

Во Пакистан казни за родители што не ги вакцинираат децата


Најмалку 18 лица се приведени во северозападниот дел на Пакистан поради одбивање нивните деца да добијат вакцинација за детска парализа. Полицијата изјави дека дека луѓето биле приведени во областа Новшера, во провинцијата Хибер Паштунква. Полицијата соопшти дека првично биле поднесени 100 пријави против родителите кои одбиле да ги вакцинираат своите деца, но дека откако се случило тоа повеќето од родителите прифатиле децата да добијат капки против полио. 18 родители кои одбиле да го сторат тоа биле уапсени. Минатата година во северозападниот дел на Пакистан беа пријавени повеќе од 300 случаи за полио.

XS
SM
MD
LG