Достапни линкови

ЗНМ бара оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков


Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Здружението на новинарите на Македонија денеска го повика Јавното обвинителство сериозно да ги разгледа објавените докази за прислушување на новинарите и да покрене соодветни постапки. Воедно, Здружението ги повикаа премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и директорот на УБК Сашо Мијалков да дадат оставка, без разлика кој го нарачал прислушувањето.

Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај.

„Тие се должни да спречат вакво масовно кршење на уставните права и слободи на граѓаните. Нивното заминување од функцијата ќе помогне да се расчисти целиот случај“, вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, кој изрази загриженост и најостро ги осуди прислушувањата на новинарите.

Според него, со тоа брутално е суспендиран правниот поредок на земјата и масовно се кршени основните човекови права и слободи.

Прислушувањето на новинари го компромитира медиумскиот систем во Македонија и го претстави во вистинско светло, како корумпиран и целосно зависен од политиката. Бевме сведоци дека највлијателните медиуми не информираат, туку се средство за манипулација со граѓаните. Ваквата злоупотреба мора да престане и да се санкционира.

„Прегазено е правото на слобода на изразување, приватност на новинарите и правото на тајност на изворите на информации кои се предвиден во македонскиот Устав. Жртви на прислушувањето не се само новинарите, туку се сите граѓани, затоа што целта на следењето било да се спречи објавувањето на битни информации во јавноста. Ваквото насилство врз новинарите и врз слободата на медиумите во демократски општества не поминува неказнето“, вели тој.

Селмани додава дека со прислушувањата на новинарите се потврдиле ставовите на ЗНМ дека медиумите во Македонија не се слободни и се заложници на интересите на власта и на сопствениците на медиумите.

„Прислушувањето на новинари го компромитира медиумскиот систем во Македонија и го претстави во вистинско светло, како корумпиран и целосно зависен од политиката. Бевме сведоци дека највлијателните медиуми не информираат, туку се средство за манипулација со граѓаните. Ваквата злоупотреба мора да престане и да се санкционира“, вели Селмани.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера на презентирањето на таканарешената четврта бомба објави дека над 100 новинари биле прислушувани. Според ЗНМ, единствен излез од ваквата апсурдна состојба е воспоставување на нов медиумски систем и нови контролни механизми на политичкиот систем, кои ќе гарантираат независност и слобода на медиумите и ќе спречи нивна злоупотреба во иднина од политиката и бизнисот.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG