Достапни линкови

ЕУ загрижена за растот на бројот лажни азиланти


Европската комисија изрази значителна загриженост поради тоа што за 40 насто пораснал бројот на лажни азиланти од Западен Балкан во Европската унија. Затоа од земјите во регионот кои имаат безвизен режим со Унијата се бара да донесат дополнителни мерки и да докажат дека приливот на лажни азиланти постојано се намалува. Најголем број лажни азиланти доаѓа од Србија 42 насто, по што следуваат Албанија и Македонија со 21 насто. Најголем број барања за азил, 74 насто биле поднесени во Германија.

XS
SM
MD
LG