Достапни линкови

Груевски: нема разговори за техничка влада


„Овој случај мора да има правна, институционална и политичка завршница“, рече премиерот Никола Груевски во врска со аферата со прислушуваните телефонски разговори што ги објавува опозицијата. Груевски вели дека начин за излез од сегашната ситуација е дијалог со опозицијата во Собранието, но не и техничка влада. Тој на прес конференцијата, откако вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев го обвини за нелегално прислушување на стотина македонски новинари со цел да ги контролира медиумите, изјави дека прислушуваните разговори биле од странска служба, но не прецизира за која служба станува збор.

XS
SM
MD
LG