Достапни линкови

Руски воени вежби на границата со Естонија и Летонија


Над две илјади руски падобранци учествуваат на вежбите во близина на руската граница со Естонија и Летонија. Најавено е дека вежбите ќе траат до 28 овој месец. Во меѓувреме во Москва вчера Русија и Кипар потпишаа договор со кој на руските воени бродови ќе им се овозможи пристап до пристаништата на оваа земја на Европската унија на Медитеранот. До овој договор доаѓа во време на растечки тензии меѓу Кремљ и Западот околу руската улога во конфликтот во Украина.

XS
SM
MD
LG